Вечерва во подрачното училиште ,,Круме Кепески” во Припор, го отворивме спортскиот центар кој го носи името на нашиот непрежален јунак Саздо, кој прерано го заврши само што започнатиот живот.Со свечена пригода, на меморијалинот турнир ,,Бранко Ѓуровски”, уште една легенда од Кисела Вода која својот живот го положи на фудбалскиот терен во 90-ти те години, започна она кое ќе го паметат генерациите.
Бранко и Саздо беа луѓе кои веќе се врежани во колективната меморија на мојот народ од Кисел Вода. Оставија белег кој ние вечно ќе го негуваме. Нека овој спортски центар биде вашиот дух и нека ги собира сите млади на едно место – да се дружат, спортуваат и другаруваат. Благодарам и до навивачката група КОМИТИ за извонредниот перформанс. Да сте ми здрави и живи!