Фотографиите ги разнежнија обожавателите, бидејќи Ријана ретко споделува слики со децата
Познатата пејачка Ријана го посети родниот Барбадос, каде што заедно со своите синови и ќеркичката ја прошета улицата во која пораснала, а која денес гордо го носи нејзиното име. Емотивните фотографии и искрената порака ја разнежнија публиката ширум светот.
Ријана ретко споделува приватни моменти и фотографии со своите деца. Сепак, неодамна во нејзиниот живот се случи посебен и значаен момент кој посакала да го сподели со своите верни обожаватели. Таа, заедно со своите два сина и ќеркичката, отпатувала на родниот Барбадос за да им ги покаже местата кои одиграле важна улога во нејзиниот живот и детството.
Од скромна девојка до национална икона
Пејачката ги однела децата во улицата на своето детство, некогашната Westbury New Road, во предградие на Бриџтаун. Токму таму се наоѓала скромната куќа со три соби во која живеело семејството Фенти.
По нејзиниот планетарен успех, властите на Барбадос во 2017 година ја преименувале улицата во „Rihanna Drive“ и ја прогласиле за културно наследство.
Ријана лично присуствувала на свеченоста, а нејзините зборови биле испишани на спомен-плоча:
„Целиот мој живот се обликуваше токму на оваа улица. Бев само мало девојче кое возеше велосипед, трчаше босо и пушташе летала на гробиштата, но имав големи соништа. Соништа кои се родија и се остварија токму овде.“
По девет години, Ријана повторно се вратила на ова место и споделила емотивни моменти со своите следбеници. Фотографиите за кратко време собрале повеќе од три милиони лајкови на социјалните мрежи.
Поврзани објави
Модна усогласеност на најмладите
На ретките фотографии и снимки направени пред знакот „Rihanna Drive“, нејзините синови РЗА и Рајот позираат покрај мајка си во летни шорцеви и маички.
Ријана во рацете ја држи најмладата ќерка Роки Ајриш, која во септември ќе наполни една година. Малечката носела црвен кариран комплет со црвени шнолички во косата.
Ријана, пак, блескала во црн асиметричен макси-фустан со висок шлиц, црвен кармин, темни очила и впечатлив златен чокер.
„Во еден момент се чувствувам како она девојче од Вестбери… а во следниот ги носам своите деца на Rihanna Drive. Чудно е како функционира животот! А славата секогаш и засекогаш му припаѓа на Семоќниот Создател“, напишала пејачката, очигледно понесена од силните емоции.
Посетата на Барбадос била исполнета и со други семејни радости. Само неколку дена пред да ја посетат улицата на која пораснала Ријана, таа и нејзиниот партнер A$AP Rocky организирале роденденска забава во стилот на Спајдермен за нивниот син Рајот, кој го прославил својот трет роденден.
ФОТО: ПРИНТСКРИН ИНСТАГРАМ