Почетна Технологија„Фокус“ дознава: Моментално во Приштина се одржува нова средба меѓу Курти, Ќоку, Касами, Гаши, Меџити и Таравари

„Фокус“ дознава: Моментално во Приштина се одржува нова средба меѓу Курти, Ќоку, Касами, Гаши, Меџити и Таравари

од nenad
1 минути читај за

Косовскиот премиер Албин Курти организира нова средба со лидерите на албанската опозиција во земјава, Изет Меџити, Африм Гаши и Биљал Касами, како и со лидерот на владејачката Алијанса за Албанците Арбен Таравари, дознава „Фокус“.

Курти ги собрал Касами, Меџити, Гаши и Таравари во Приштина, дали станало збор за окрупнување на албанската опозиција?

   

Според нашите неофицијални информации, средбата се одржува моментално во Приштина, а на неа присуствува и Беким Ќоку, поранешен пратеник од ДПА и функционер на АА, кој сега има улога на советник на Курти за Македонија и на следните избори се очекува да биде носител на пратеничка листа во петтата изборна едница.

Лидерите на албанската опозиција разговарале со Курти за „потребата за промени во албанскиот блок“

Ова е втора последователна средба во овој состав, откако веќе имаше една пред Нова Година, кога, како што пишувавме, се разговарало и за „потребата за промени во албанскиот блок“, со тоа што единствена енигма останува дали и Таравари ќе се приклучи кон опозицискиот блок на Беса, Алтернатива и Демократско движење.

ДУИ спрема лов на 25 пратеници со АА, албанската опозиција го врбува Таравари за претседателски кандидат!