Браќата првпат беа уапсени во Романија во декември 2022 година, при што Ендру беше обвинет за силување и трговија со луѓе, а Тристан беше осомничен за трговија со луѓе. Флорида започна кривична истрага против британско-американските инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт, кои минатата недела допатуваа во државата од Романија, каде што се соочија со обвиненија за силување и трговија со луѓе, пишува Би-би-си. Јавниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмајер, рече дека истражителите издале налози за претрес како дел од „сега активна“ истрага. Во САД, браќата исто така се соочуваат со граѓанска тужба од жена која тврди дека ја принудиле на сексуална работа, а потоа ја клеветеле откако таа им дала докази на романските власти. Тие најостро ги отфрлаат сите обвинувања против нив.
Флорида започна кривична истрага против браќата Тејт – МАКТЕЛ
9