Почетна ЕкономијаФИЛИПЧЕ: НЕ БИ МЕ ИЗНЕНАДИЛО АКО ВМРО ДПМНЕ И ДУИ СЕ ДОГОВОРЕНИ ВАКА ВЕРБАЛНО ДА ДИГААТ ТЕНЗИЈА ЗА НЕКАКВИ ДЕСТАБИЛИЗАЦИИ

ФИЛИПЧЕ: НЕ БИ МЕ ИЗНЕНАДИЛО АКО ВМРО ДПМНЕ И ДУИ СЕ ДОГОВОРЕНИ ВАКА ВЕРБАЛНО ДА ДИГААТ ТЕНЗИЈА ЗА НЕКАКВИ ДЕСТАБИЛИЗАЦИИ

од nenad
1 минути читај за




ФОКУС: Велите што ДУИ ќе прави е нивна работа и одлука, но кои се вашите проценки? Очекувате ли есенски протести во режија на ДУИ, за кои власта смета дека може да ескалираат?
ФИЛИПЧЕ: Сметам дека, во политичка смисла, на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ многу им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација.

Ова им одговара и на ЗНАМ, кои се целосно маргинализирани во владата, па имаат можност да го оживеат својот националистички наратив.Оваа стратегија на подигање на меѓуетничката тензија, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја спроведуваа пред изборите, а сега повторно ја враќаат во игра.

 

Ако се земе предвид дека ДУИ му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за реорганизација на министерствата, без кои не можеше да се формира влада, тогаш не би се чудел целата работа да е договорена стратегија меѓу двете партии. Дури и да не е договорена, таа во интерес на двете страни.

За жал, ваквите сценарија носат само застој во развојот на државата, на економијата, многу конфузија и страв кај граѓаните. Ништо добро не сме виделе од бескрајните меѓуетнички теми, освен покачени тензии и назадување на државата.Но, добро е што за разлика од претходниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ, сега граѓаните и стручната јавност многу рано ги препознава истите тактики, а со тоа и ефектот од нив е слаб. Целото интервју на ФОКУС.МК