Почетна ЕкономијаФабрика Карпош АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат (добивка по оданочување ) во износ од 37.007 илјади денари 

Фабрика Карпош АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат (добивка по оданочување ) во износ од 37.007 илјади денари 

од nenad
1 минути читај за

ФАБРИКА КАРПОШ АД СКОПЈЕ во периодот Јануари – Јуни 2025 оствари позитивен финансиски резултат (добивка по оданочување ) во износ од 37.007 илјади денари  искажана во неревидираниот  Биланс на успех за период 01.01-30.06.2025, што е за поголем од резултатот остварен во истиот период минатата година, информираат од Македонска берза.

Во 2024 година, компанијата нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување  на ставките во финансиските извештаи на компанијата.

Остварените вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2025 година изнесуваат 578.873  илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во полугодието минатата 2024 година се зголемени. Најзначјно учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативните активности .

Најголемо учество во оперативните расходи имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци ( кооперантите)  .

Финансиските расходи бележат намалување во однос на финансиките расходи остварени од претходната година.

Компанијата продолжува интензивно да инвестира и во текот на 2025 година Поголемиот дел од нив се однесуваат на набавка на машини и транспортни средтва како и во инвестиција во нов производен погон.

Во текот на 2025  година не е донесена одлука за исплата на дивиденди.

Вкупните обврски по кредити кои наменски се земени за набавка на основни средства бележат тренд на намалување. Воедно кредитите имаат незначително учество во вкупната пасива на друштвото.

Во наредниот период се превземат активности во насока на постигнување на поголема оперативна активност со цел да ги исполни планираните активности за 2025 година. Преку зголемување на конкурентноста и поефикано работење се очекува да се оствари  зголемување на реализацијата (склучување на нови договори) со цел  да се одржи  пазарната позиција на компанијата на високо и квалитетно ниво.