Почетна ЕкономијаУставните судови од Балканот во Охрид на конференција за довербата во уставното судство и владеењето на правото

Уставните судови од Балканот во Охрид на конференција за довербата во уставното судство и владеењето на правото

од nenad
1 минути читај за

Уставниот суд денеска во Охрид ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која се одржува во рамките на четвртиот Годишен состанок на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF).

Конференцијата ќе започне со свечено отворање и поздравни обраќања на високи државни и меѓународни претставници. Најавени се обраќањата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот за правда Јетон Шасивари, како и амбасадорот и шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, кој ќе се обрати преку видео врска.

Воведно обраќање ќе има претседателот на Уставниот суд на Австрија, проф. д-р Кристоф Грабенвартер, на тема „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“.

Во рамките на трите тематски сесии ќе се дискутира за довербата на граѓаните во уставните судови, уставното судство во дигиталната ера и ефективната заштита на уставните права.

На конференцијата ќе учествуваат високи претставници на европски и меѓународни институции, меѓу кои потпретседателката на Венецијанската комисија, Рената Дескоска, членот на Венецијанската комисија, Мартин Кујер, и судијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Садет Јуксел.

Меѓу говорниците се и претседателите на уставните судови на Турција, Бугарија, Црна Гора, Косово и Египет, како и судии и правни експерти од Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји.

Обраќања ќе имаа и уставните судии Ана Павловска-Данева, Татјана Васиќ-Бозаџиева и Осман Кадриу.

Конференцијата има за цел да овозможи размена на искуства и ставови за актуелните предизвици пред уставните судови, како и унапредување на регионалната и меѓународната соработка во заштитата на уставноста и владеењето на правото.са/

Фото: принтскрин