71
Уставниот суд ги демантира тврдењата на претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов искажани во емисијата „Аргумент Плус” на ТВ24 , емитувана во живо во 17:45 часот на 30.01.2024. Имено во 17 минута од емисијата господинот Трајанов споделува информација дека Уставниот суд ја отфрлил неговата иницијатива која се однесува на Законски измени на Кривичниот законик. Станува збор за неточна, непроверена информација со која се манипулираат гледачите, бидејќи Уставниот суд сеуште води постапка за овој предмет и до овој момент нема донесено одлука.