Почетна Економија„Уметноста со став“ – финале на програмата за промоција на креативен активизам кај млади

„Уметноста со став“ – финале на програмата за промоција на креативен активизам кај млади

од nenad
1 минути читај за

Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, во партнерство со Центарот за едукација и уметност „Хана“, денес во Струга го организираат настанот „Уметноста има став“. На овој настан, реномирани и познати ментори ќе обучуваат 80 средношколци од различни градови во земјата како да создаваат музика, да изработуваат графити и илустрации, како да пишуваат оригинални дела, но и како да толкуваат политички говор и да се подготват за јавен настап.

Средношколците се распоредени во пет групи: музика, литература, графити, илустрација и политика, а се водени од искусни ментори: проф. Емилија Ристановска, проф. д-р Ненад Марковиќ, актерот Никола Ристановски, музичарката Сара Ташкоска, поетот Дарко Лешоски, илустраторката Калиопи Трпчева и графити уметникот Драган Китановски – Драш.

“Младите имаат што да кажат – преку креативноста, тие не само што учат за општеството, туку и активно учествуваат во неговото обликување”, велат организаторите. Финалниот настан ќе се одржи денес напладне во хотел Дрим, кадешто публиката ќе има можност да присуствува на музички перформанс, изведба на политички говори и поетски творби, изложба на графити и илустрации од учесниците.

Од Фондација Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје истакнуваат дека целта на програмата е да го поттикне креативниот активизам и вклучувањето на младите во општествениот и културен дијалог преку иновативна комбинација на уметноста и политиката.

вг/Фото: МИА Архива.
Извор: МИА