Почетна МакедонијаУбиецот од Куманово имал пет кривични пријави за семејно насилство, бил само условно осуден

Убиецот од Куманово имал пет кривични пријави за семејно насилство, бил само условно осуден

од nenad
1 минути читај за




Пет кривични пријави за семејно насилство и најмалку две условни пресуди имало против кумановецот кој вчера си ја уби сопругата, нејзината мајка и се фрли од прозорец за да не биде уапсен од полицијата.Тортурата која ја вршел кумановецот врз неговата сопруга и нејзината мајка започнала пред 10-тина години.

   

–Да, има пријави за семејно насилство против Д.Ј. и секогаш од страна на СВР Куманово се преземени мерки и активности. Во периодот од 2013 до 2023 година од страна на СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово има поднесено 5(пет) кривични пријави против Д.Ј. по член 130 ст. 2 од КЗ на РСМ, изјавија од МВР за Телма.