Полицијата приведе две лица на автобатот Скопје-Штип, кај кои при преглед на возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки се пронајдени предмети од културно наследство и два детектора за злато и неколку копачи.
Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н. (41) од Штип, поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај село Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
