Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека го повлекол барањето Уставниот суд да ја испита усогласеноста на Договор за спречување насилство врз жените познат како Истанбулската конвенција, со полскиот Устав.Такво барање беше поднесено до Уставниот суд на Полска во 2020 година од тогашниот премиер Матеуш Моравјецки, тврдејќи дека Истанбулската конвенција е неуставна. Поранешната владејачка партија во Полска, Право и правда (ПиС) се спротивстави на Договорот откако дојде на власт во 2015 година, тврдејќи дека не е во согласност со традиционалниот семеен модел.
– Како премиер на оваа Влада, моето повлекување на овој предлог дефинитивно ќе стави крај на овој непотребен спор околу Конвенцијата што ја договоривме пред години, изјави Туск.
Тој посочи дека заштитата на жените и децата од насилство е прашање што никогаш не треба да биде прашање на политичка дебата, туку прашање на универзална загриженост и дека Полска има уште многу работа кога станува збор за борбата против насилството врз жените.Според Истанбулската конвенција насилството врз жените е кршење на човековите права и опфаќа различни форми на родово засновано насилство.