Скопје тоне во ѓубре, загаден воздух, расипани автобуси, мостови и универзална сала стојат како што ги остави Шилегов… Данела Арсовска е казна божја за Скопјани, ама сами си ја баравме со боринче. Епа сега иста судбина ќе им се случи и на Американците и богами светот, и пак сами си го баравме со боринче… Да ставиш царини од 25% на Канада и Мексико е луд рекетарски потег, тоа е дефакто објава на војна преку економски мерки. Светот од глобален слободен мегдан во кој сите се богатеа сега ќе се изолира ќе се распадне и од тоа ќе дојде само лошо и само сиромаштија и хаос. Не чекаат луди 4 години со портокаловиот орангутан, ќе биде лудо, кој ќе преживее ќе раскажува!
Саше Ивановски