– Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп. Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р.
Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток.
Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели. – Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор.
Многу брзо заминува – истакна Трамп. Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција. – Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.