“Бремени жени, не користете „таленол“ освен ако не е апсолутно неопходно, не давајте „таленол“ на вашето мало дете туку-така без никаква причина, поделете ја ММП вакцината (против морбили, заразни заушки и рубеола, н.з.) на три посебни вакцини, на три одделни дози (не сите заедно во една вакцина), земете ја вакцината против овчи сипаници одделно, против хепатитис Б после 12 годишна возраст и најважно, примете ги вакцините во пет посебни посети на медицинскиот тим.”
Ова го објави американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку часа на Truth Social.
Ова предупредување е сериозно, и веројатно Трамп не би го објавил доколку не е целосно уверен во вистинитоста на неговите тврдења. ММП вакцината е комбинација од три вакцини споени во една доза.
Таа помага во заштитата од мали сипаници, заушки и рубеола, три потенцијално опасни вирусни заболувања. Здравствените експерти препорачуваат две дози. Децата обично ја примаат првата доза помеѓу 12 и 15 месеци, а втората помеѓу 4 и 6 години.
Трамп не сугерира да не се прима вакцината, туку единствено препорачува таа да се прими во три одвоени дози, наместо во една мешавина од сите три вакцини.
Веројатно ќе следи објаснување од секретарот Кенеди бидејќи Трамп наскоро ќе биде критикуван од левичарските медиуми кои тој ги нарекува „fake news“, па на нивните новинари дури не им дава збор на неговите прес конференции, а сигурно ќе следи напад и од другите организации низ светот и пред се Европа на оваа тема. Во нашата земја, овие три вакцини се администрираат во една доза.
Извор: МИА