Во разговор за Ен-Би-Си Њуз, претседателот на САД, Доналд Трамп, наведе дека Иран испуштил прилика да постигне спогодба со САД во врска со својата нуклеарна програма, но дека во моментов има нова можност да го стори тоа.
“Тие пропуштија можност да склучат договор. Сега можеби ќе имаат уште една шанса. Ќе видиме”, рече Трамп.
Тој додаде дека официјални претставници од Иран веќе воспоставиле телефонски контакт, изразувајќи желба за постигнување на договор.
Во телефонско обраќање за Ројтерс, пренесено од БТА, Трамп изјави дека не е уверен дали Иран сѐ уште поседува нуклеарна програма по израелските напади врз државата утрово, но потврди дека закажаните разговори со претставници на Техеран во Оман во недела не се откажани.
Тој потенцираше дека не стравува од потенцијална регионална војна по израелските напади. Претходно, во интервју за „Волстрит џрнл“, Трамп откри дека биле запознаени со плановите на Израел.
Трамп ги оцени нападите како “многу успешна операција, благо кажано”, додека Нетанјаху потврди дека САД биле претходно информирани за акцијата. ссм/фото: архива.