Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека претседателските избори во Бразил, на кои победи Луиз Инасио Лула да Силва, изгледаат „како да се наместени“.
„Не зазедов страна, но изгледа дека изборите се наместени. Тие мора да бидат неспорни, а тоа ми се чинеше многу лошо“, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми.
Во вториот круг од претседателските избори во Бразил што се одржа вчера, Лула победи со освојување на 51,79 проценти од гласовите, додека десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро освои 48,12 проценти од гласовите.
Болсонаро и неговиот татко и поранешен претседател Жаир Болсонаро се сметаат за блиски до Трамп и неговата администрација.
Извор: МИА