Американскиот претседател Доналд Трамп слета на аеродромот Схипхол во Амстердам, јавија агенциите. Тој ќе присуствува на Самитот на НАТО кој започнува вечерва во холандскиот град Хаг.
Се очекува шефот на американската држава веднаш да се упати кон палатата „Хојс тен Бош“, каде што кралот и кралицата на Холандија ќе организираат официјална вечера за 32-цата лидери на НАТО и бројни други земји, партнери на Алијансата.
Првата дама Меланија Трамп не го следи американскиот претседател во Холандија. По вечерата, Трамп ќе остане во палатата за да преноќи, соопшти холандскиот кралски двор.
„Хојс тен Бош“ е официјално живеалиште на кралот Вилем-Александар и кралицата Максима. Лидерите на НАТО се состануваат на дводневен Самит со фокус на зголемување на воените расходи.
рп/Фото: МИА архива
Извор: МИА