Почетна ЕкономијаТрамп вети пет илјади долари за секој Американец доколку републиканците победат на изборите

Трамп вети пет илјади долари за секој Американец доколку републиканците победат на изборите

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети на Американците по пет илјади долари доколку Републиканската партија победи на конгресните избори закажани за 3 ноември, објави денеска американската телевизиска мрежа “Еј-Би-Си“.

„Ова се најважните избори во историјата“, изјави Трамп пред своите поддржувачи собрани синоќа во Дејтона Бич, во сојузната држава Флорида.

Претседателот на САД ја искористи можноста повторно да вети дека секој граѓанин на САД ќе добие по пет илјади долари доколку републиканците победат на изборите. Ветувањето отвори прашања и за законитоста на таквото ветување и за начинот на кој би се обезбедиле средствата за негово спроведување.

„Републиканците имаат шанса да постигнат добар резултат. Можеби дури и многу добар“, изјави Трамп од Овалната соба пред да замине на собирот во Флорида.

Сепак, набргу потоа тој ги ублажи своите изјави, во услови на најниска досегашна популарност поради високите животни трошоци и тензиите во односите со Иран.

„Обично претседателот, без разлика дали е добар или лош, републиканец или демократ, губи на изборите на средината од својот мандат, кога се избираат сите членови на Претставничкиот дом и една третина од членовите на Сенатот“, рече Трамп, наведувајќи историски точна констатација.

На овие избори што традиционално се одржуваат на средината од претседателскиот мандат, демократите се надеваат дека ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом од републиканците, а можеби и врз Сенатот.

До вчера напладне 47,9 милиони Американци веќе гласаа, согласно дозволените процедури за предвремено гласање.
Извор: МИА