Почетна ЕкономијаТрамп: Ако Кина не ги снабдува САД со магнети, ќе се соочи со царини од 200 отсто

Трамп: Ако Кина не ги снабдува САД со магнети, ќе се соочи со царини од 200 отсто

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп упати закана дека ќе воведе давачки до 200 проценти на кинескиот увоз, во случај Пекинг да не успее да обезбеди стабилно снабдување за САД со магнети изработени од ретки земјени елементи, објави ДПА.

Говорејќи синоќа во Белата куќа за време на средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг, Трамп изјави: „Тие мора да ни дадат магнети. Ако не ни дадат магнети, тогаш ние мора да им наплатиме царина од 200 отсто или нешто слично“, пренесе германската агенција.

Шефот на американската држава призна дека ваквите драстични мерки ефикасно би ја сопреле економската размена со Кина, додавајќи дека тоа би било прифатливо доколку биде неопходно.

Ретките земјени метали се од клучно значење за современата технологија, вклучувајќи ги паметните телефони, ветерните турбини, електричните возила и воената опрема, а магнетите се од посебно значење. Кина е глобален лидер во изработката и преработката на овие метали, а САД зависат од увозот, наведува ДПА.

Пекинг претходно го ограничи извозот на ретки земјени метали и магнети заради трговскиот спор со САД.

Последните изјави на Трамп се во контраст со неговиот попријателски тон од почетокот на август, кога најави 90-дневно продолжување на трговскиот прекин на огнот со Кина.

Двете држави во мај постигнаа согласност да ги суспендираат новите казнени тарифи за да ги унапредат преговорите за трговијата, обезбедувањето со ретки метали и пристапот до чипови за вештачка интелигенција (ВИ), потсетува ДПА.

„Волстрит џурнал“ објави дека кинеска делегација, предводена од преговарачот Ли Ченгганг, се очекува неделава во Вашингтон да ги продолжи разговорите.