Посен колач што се приготвува полесно од баклава
Состојки:
За шербетот:
- 250 мл вода
- 500 г шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 лимон, исечкан на кругови
За тестото:
- 250 мл вода
- 250 мл масло
- 400 г брашно
- 200 г ореви
- 1/2 кесичка прашок за печиво
Поврзани објави
Приготвување:
Најпрво, пригответе го тестото. Проварете вода и масло, па кога ќе зоврие, ставете брашно и прашок за печиво. Мешајте и додавајте смеса додека сето тоа се соедини. Тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се олади.
Потоа, во оладената смеса ставете 200 г ореви. Измешајте убаво, па распоредете ја смесата во тепсија (тестото треба да е со дебелина на малиот прст). Пресечете на коцки по желба и печете околу 30 минути на 200 степени.
Оладениот колач прелејте го со врел шербет.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб