Почетна СценаТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Татко и син загинаа во пожар во семејната куќа

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Татко и син загинаа во пожар во семејната куќа

од nenad
1 минути читај за
Реклама

Двајца прилепчани, татко и син синоќа загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата „Цане Илиоски број 87а“ во Прилеп.

Пожарот во надлежните служби бил синоќа пријавен околу 21,45 часот.

– Околу 22 часот синоќа добивме пријава за пожар за запалена куќа на улицата „Цане Илиески“ број 87а“. За гаснење на пожарот интервениравме со три возила и девет пожарникари. Опожарени беа дел од катот на куќата – дневна просторија и кујна. Затекнато е едно изгорено лице, а другото лице, задушено од чадот извлечено е надвор од куќата и предадено на службата за Итна помош каде е констатирана смрт. Двете лица се на возраст од 60-тина и 80-тина години. Лицата пред да стигнеме веќе биле починати, вели Кристијан Момироски, командир на противпожарната единица од Прилеп.

Едниот прилепчанец бил затекнат во дневната просторија и целосно изгорен, а другиот во претсобјето и се задушил.

Пожарот е изгаснат и е спречено да се прошири на другиот кат и на соседните куќи.

Увид на местото на пожарот направија полицијата и основен јавен обвинител. Се врши истрага за да се откријат причините за пожарот и трагедијата. На лице место беше и екипата на службата за Итна помош која ја констатирала смртта на двајцата прилепчани.