Почетна ТехнологијаТошковски: Заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицковски бевме во работна посета на Кавадарци

Тошковски: Заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицковски бевме во работна посета на Кавадарци

од nenad
1 минути читај за




Денеска заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицковски бевме во работна посета на Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев.
Директен повод за средбата беше добивањето директен пристап на МВР – ОВР Кавадарци во современиот мониторинг центар кој е во состав на општината. Овој директен пристап во сопствените простории до системот ќе биде во насока на координирано, брзо и ефикасно работење на полицијата заедно со локалната власт во интерес на јавната безбедност на граѓаните на Кавадарци.

Голема благодарност до градоначалникот и општината Кавадарци затоа што успеаја овој систем да го создадат сами со сопствени средства и да го споделат со МВР. Со овој систем од над 200 камери кој ќе го имаме во рамки на системот на министерството значително ќе го подигнеме квалитетот на работењето на полицијата. Факт е дека криминалитетот во Кавадарци е значително намален во изминатиот период и очекуваме со пристапот на МВР до овој систем и посветеното работење уште повеќе да се подобри безбедносната состојба во општината.

Ние како министерство сме фокусирани максимално на проектот којшто е поврзан генерално со зголемување на безбедноста на граѓаните на целата држава, проектите од „Сејф Сити“ како во Кавадарци, така и Скопје, Куманово и Тетово. Ќе сториме се во најбрз можен рок да ги ставиме во употреба сите тие технолошки системи во овие четири града а понатаму на целокупната територија се со цел да добиеме едно побезбедно општество.