15
Поранешните вардарови фудбалери, Сашо Тодоровски и Стојмир Цоле Урошевиќ присуствуваа на прослава на бугарскиот фудбалски клуб Пирин од Благоевград бидејќи како што е општо познато во 1993 и 1994-та година Тодоровски го носеше зелениот дрес на бугарските орли.
Навивачите на орлите пријатно го изненадија поранешниот фудбалер од средниот ред, подарувајќи му дрес во боите и со логото на ФК Вардар.
Тодоровски моментално е тренер во фудбалската академија на ФК Вардар.
