Почетна Убавина и здравјеТогаш би требало да бидете особено внимателни! – Убавина и здравје

Тогаш би требало да бидете особено внимателни! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Обрнете внимание на овој период и коригирајте ја исхраната доколку сакате да ја задржите витата става

Дебелината е најголемиот здравствен проблем во модерното општество. Статистичките податоци покажуваат дека 80 отсто од мажите во средни години имаат проблем со вишокот килограми.

Колку загрижувачка е ситуацијата најдобро покажуваат резултатите од истражувањето во кое учествувале 8 илјади мажи и жени.

Со текот на годините, бројот на гојазни луѓе расте кај двата пола. Околу 33 отсто од мажите на возраст од 16 до 24 години имаат проблеми со килограмите. Овој процент драстично расте на возраст од 35 до 44 години и изнесува неверојатни 75 отсто.


Поврзани објави

Кај мажите на возраст помеѓу 55 и 64 години, процентот на гојазни скокнува на рекордни 80 отсто. Интересно е што оваа бројка потоа се намалува.

По 65. година, процентот на гојазни паѓа на 78 отсто, а по 75. година на „само“ 70 отсто.

Податоците за жените се разликуваат до некаде. Помеѓу дамите на возраст помеѓу 16 и 24 години има 38 отсто гојазни, а тој процент сериозно се зголемува помеѓу 35. и 44. година и изнесува 57 отсто.

И жените најмногу се дебелеат помеѓу 55. и 64. година, а процентот на гојазни изнесува 69 отсто. Овој процент останува ист сè до 75. година, кога паѓа на 74 отсто.