Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности. Инаку, за сега, според информациите од терен, нема жртви при настанот, соопштија од ЦУК велејќи дека мостот е соодветно одбележан по несреќата.
Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК, денеска информира дека околу 18:00 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец село Зелениково – село Таор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар.
Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него.
