Денеска во Тирана треба да светне некое мало светло во тунелот на европската интеграција за Западниот Балкан. Судејќи по симболиката; одржување на ваков еден состанок на највисоко ниво првпат вон ЕУ во земја од регионот, и според декларативноста; обврзување на ЕУ во завршниот документ од Самитот за интензивирање на процесот на проширувањето, може да се каже дека Путин и неговата агресивност сепак го реанимираа комираниот
Во еден од параграфите на овие нацрт заклучоци исто така се вели дека интеграцијата на земјите до Западен Балкан ќе се случува постепено во текот на самиот пристапен процес. Во тој контекст може да се очекува интеграција на земјите од регионот во програми кои се сега наменети за земјите членки на ЕУ. Целта на оваа постепена интеграција е пред се да се спречи одливот на млади образовани кадри од регионот кон ЕУ. Па така во заклучоците од Самитот во Тирана се наведува дека во текот на пристапниот процес ќе бидат отворени вратите на програмите како Еразмус плус, Европскиот солидарен корпус и Европската Универзитетска иницијатива.Од Тирана исто така ќе се објави веста за постепено намалување на цените на роамингот со перспектива за негово укинување. Договор што ќе го потпишат мобилните оператори од ЕУ и оние од Западниот Балкан.
Од Тирана ќе стигне и веста за 1 милијарда евра од ЕУ наменети за ублажување на последиците од енергетската криза како и дополнителни 2,5 милијарди евра наменети за инвестиции во енергетскиот сектор. 500 милини евра ќе бидат наменети за решавање на социјалниот удар од енергетската криза кој го трпат граѓаните и помалите исредни претпријатија.Една од важните мерки со кои ЕУ ќе му помогне на регионот се и 560 милиони евра кои се наменети преку ИПА 3 за зајакнување на земјоделството и производството на храната.Една од целите на овој самит е и усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика како и заедничката борба против руската машинерија за дезинформации како главно оружје на Кремљ за зголемување на неговото влијание на Балканот.
- Европското обвинителство го истражува дали во “европската” Бугарија милиони евра од буџетот биле искористени за плаќање на емисии на телевизии.
- Поранешниот албански претседател, Илир Мета со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ: Од очекуваната победа бенефит ќе имаат сите граѓани
- Во Србија повлечена серијата на лекови Рудакол за третман на симптоми на иритабилна црева
- (ФОТО ГАЛЕРИЈА) СПАСОВСКИ: ГОЛЕМИ БИЗНИСМЕНИ КУПУВАЛЕ ДРОГА ОД УАПСЕНИТЕ ВО ГРЧЕЦ, СО ПАРИТЕ ПРАВЕЛЕ ЛУКСУЗНИ ЗАМОЦИ