Tинејџер од Кавадарци сликал банкарски картички од сограѓани по што им крадел пари од сметките. Од СВР Велес велат дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.
„Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари“, велат од полицијата. Тој на 26 јануари годинава на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари.