Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.
„Септима“ на една читателка на мартовското издание на „Убавина и здравје“ ќе ѝ подари корективна течна пудра Vichy Dermablend 3D Correction.
Формулата на корективна течна пудра за лице Dermablend спојува висока концентрација на пигмент за оптимално покривање и голема впивачка и лесна текстура, која на кожата ѝ дава природен изглед и чувство на пријатност во текот на целиот ден.
Поврзани објави
Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да нè следите на Фејсбук и на Инстаграм @ubavinaizdravje.mk, да оставите ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.
Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во април.
Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта. Исто така, важно е да напоменеме дека учесниците во лавината од подароци мора да бидат полнолетни лица!
Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!
Текст и фото: ПР