Емоциите ја понеле пејачката на настапот на Емина Јаховиќ, а сцената заврши без драма и со насмевки
Пејачката Теа Таировиќ доживеа незгоден, но мошне симпатичен момент на концертот на својата колешка Емина Јаховиќ, кога во занес од музиката случајно удрила жена која седела зад неа, по што не можела да се воздржи од смеа.
Концертот на Емина собра бројни познати личности, а меѓу нив беше и Теа, која заедно со сопругот седела во првиот ред. Сè течело мирно сè додека не започнале првите тактови на култната „Југословенка“, кога пејачката, понесена од атмосферата, нагло ја кренала раката.
Наместо раката да заврши во воздух во ритамот на музиката, таа завршила директно кај госпоѓата која се наоѓала зад неа. Свесна за тоа што се случило, Теа веднаш почнала да се смее, а потоа збунето го погледнала сопругот, со гестикулации обидувајќи се да му објасни дека случајно удрила жена.
Поврзани објави
За среќа, ситуацијата поминала без никаква драма, со насмевки и позитивна енергија. Дополнително внимание привлече и моментот кога на концертот ѝ пријде Александра Пријовиќ, со која претходно се шпекулираше дека е во лоши односи, што уште еднаш покажа дека вечерта поминала во одлично расположение.
printskrin youtube – tea tairovic