Почетна Убавина и здравјеТврди дека ОВАА навика е тајната на нејзината младоликост – Убавина и здравје

Тврди дека ОВАА навика е тајната на нејзината младоликост – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Еве што прави славната актерка Дона Дерико за да изгледа како да има 25 години во шестата деценија

Многумина ја препознаваат Дона Дерико од ТВ-серијата „Чувари на плажата“, а и денес ѝ се восхитуваат поради беспрекорниот изглед.

Славната актерка Дона Дерика (56), која ја гази шестата деценија од животот, предизвикува восхит со својот младешки изглед, а неодамнешното видео објавено на Инстаграм само го потврдило очигледниот факт дека годините навистина се само бројка за неа.

Една од тајните на младешкиот изглед на Дона лежи во нејзиното придржување до растителната исхрана. Веганството било вистинско откритие за неа, а освен што ѝ донело бројни физички придобивки, како чиста кожа, подобрена дигестија и подобар сон, Дона истакнала дека нејзината одлука да стане веганка била мотивирана исклучиво од љубовта кон животните. Во својата кујна секогаш има резерви на зеленчук, овошје, јаткасти плодови и авокадо, кои претставуваат здрави и балансирани извори на хранливи материи.

Кога станува збор за негата на кожата, Дона се труди да не експериментира премногу, па нејзината рутина е многу едноставна.


Поврзани објави

„Само мислам дека не би требало да бидеме под притисок да го испробаме секој производ што важи за новиот најдобар. Користете го она што навистина ѝ годи на вашата кожа и обидете се чекорите во негата да ви бидат што поедноставни“, истакнала актерката.

Ставот на Дона за критикувањето на жените врз основа на годините

Дона Дерико тврди дека критикувањето на жените врз основа на нивните години е неправедно и смета дека мажите не се соочуваат со истите притисоци. Актерката истакнала дека тоа е неправеден дел од културата кој нема да исчезне, но важно е да се подигне свеста за тој проблем.

Да се потсетиме, Дона отсекогаш имала совршена става, благодарение на која се прославила додека глумела во познатата серија „Чувари на плажата“ од 1996 до 1998 година. Актерката, исто како и нејзините колешки во серијата, трчкала на плажа во црвен едноделен костим за капење кој ѝ ги истакнувал атрактивните облини.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм