Почетна Убавина и здравјеТврдење на жена која се вратила од мртвите! – Убавина и здравје

Тврдење на жена која се вратила од мртвите! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Џули Пул тврди дека доживеала клиничка смрт, за време на која комуницирала со ангелите и видела што сè нè очекува во наредните 7 години

Џули Пул од Велика Британија имала многу тешко и трауматично детство, толку што се обидела да си го одземе животот на 21 година, но како што опишува, тогаш ангелите ја спасиле и од тој момент води сосема поинаков живот. Во моментот кога доживеала клиничка смрт, доживеала нешто што не може ни да се долови со зборови.

Имено, оваа Британка тврди дека умрела и го искусила рајот. Денес, таа се нарекува себеси духовен водич и гради кариера така што им помага на другите да ги надминат тешките моменти во животот.

Џули во разговор за јутјуб-каналот Life After Life открила дека имала мрачно минато зад себе, бидејќи од мали нозе била изложена на физичко, ментално, сексуално и емоционално злоупотребување. И додека тоа неминовно ѝ оставило трауматични последици, истовремено тоа ја довело и до духовно будење. Џули во младоста, токму поради тие трауми, била склона на депресивни мисли, па на 21 година се обидела да си го одземе животот.

Тврди дека тогаш требала да умре, но била префрлена на другата страна и разговарала со ангели, а имала и визија за иднината на човештвото. Дали ќе поверувате во нејзините зборови или ќе ѝ ги припишете на фантазијата – ви преостанува вам.

„Одеднаш ги видов моите водичи и ангели околу себе, а потоа ме подигнаа и ме одведоа во високото царство. Се сеќавам само дека кажав ‘Си одам дома’, а тие ми одговорија со ‘Не, не одиш, не ти е време’“, се присетила госпоѓа Пул.


Поврзани објави

Таа истакнала дека три дена подоцна, едноставно, се разбудила во своето тело, сеќавајќи се на целото искуство. Во главата сè уште ѝ одѕвонувале последните зборови што ѝ ги кажале ангелите.

„Ми кажаа дека помеѓу 2012 и 2032 година доаѓа до отворање на златната доба и дека златните години ќе настапат по 2032 година“, открила таа.

„Она што го мислам кога ќе кажам ‘златна доба’ е тоа дека веќе со милениуми постои огромна количина на моќ, злоупотреба и контрола…. сето тоа го прават неколкумина и ја контролираат масата. Златната доба ќе донесе еднаквост во целина, така што ќе исчезне сето тоа што е лажно, невистинито и корумпирано“, објаснила таа.

Смета дека не сме далеку од судниот ден.

„Тоа нема да биде некаков армагедон, но корумпираните луѓе на власт ќе бидат разоткриени. Ќе ги фатат и ќе ги отстранат, а наместо нив, ќе дојдат луѓе со чисто срце и чисти намери“, заклучила Џули.

ФОТО: UNSPLASH