Една од најголемите ѕвезди на денешницата ги воодушеви обожавателите…
Тања Савиќ уште од првото појавување на музичката сцена негуваше близок однос со публиката, поради што, меѓу другото, стана и национален миленик.
Сето тоа уште еднаш го потврди кога во живо на Инстаграм одговараше на прашања од публиката и откри дека подготвува големо изненадување за претстојниот концерт во Краљево.
Една од најголемите ѕвезди на денешницата ги воодушеви обожавателите кога објави дека на 6-ти март во градот на реката Ибар премиерно ќе ја прикаже новата песна што моментално ја подготвува.
Сè уште не можам да ги откријам сите детали, но она што можам да ви го кажам е дека песната е компонирана од Саша Лазиќ и дека публиката на концертот во Краљево ќе може да ја слушне“ – изјави пејачката, која ја нарекоа српската Адел бидејќи ја распродава салата без реклами.
Поврзани објави
Тања откри и дека на репертоарот ќе има нови песни и по тој повод ги повика фановите да предложат кои песни би сакале да ги слушнат на концертите на 6 март во Краљево и на 12 април во Нови Сад.
Публиката ширум регионот се интересираше и дали ќе има повеќе градови на турнејата, што Савиќ го потврди, но сè уште не можеше да открие прецизни информации.
Преговорите со локалните организатори се во тек, а штом ги имам точните датуми, први ќе ги дознаете“ – изјави Тања.
Фото: printskrin Youtube/ AmiG Show
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=i0pgplz27fA