Почетна МакедонијаТасевски: Тука само буба шваби и ѕвечарки можат да опстанат

Тасевски: Тука само буба шваби и ѕвечарки можат да опстанат

од nenad
1 минути читај за

Ете преку ракометот на светското го видовме генот на нашата пропаст.

Имате еден кој не прифаќа никаква одговорност за поразите.

Имате друг, над него, кој не бара одговорност и оставка од првиот.

Имате нивни играчи (изведувачи, кои треба да изработат победи), а кои ги боли Мурот и се тотално немотивирани да победат.

И Имате навивачи од ист табор (народ) кој се истепа меѓусебе со боксови и клоци на трибините.
Ништо не е случајно.

Важно е само дали Агнеса ни го завртила газот во тесни хеланки или Мелита како легнала на кревет со кренати нозе како никогаш претходно.

Отровната атмосфера во земјата голта се пред себе. И вредности и морал и спорт и уметност и бизнис…

Тука само буба шваби и ѕвечарки можат да опстанат.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

Инспирирано од: infomax.mk