Почетна ЕкономијаТаравари: Годинава морталитетот на Детската клиника – Скопје е помал од минатите години

Таравари: Годинава морталитетот на Детската клиника – Скопје е помал од минатите години

од nenad
1 минути читај за

Министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари вели дека морталитетот на Клиниката за детски болести – Скопје годинава е многу помал во споредба со претходните години.

-За жал, се злоупотребуваат сите случувања. На клиниките, за жал, се случуваат смртни случаи.

Директорот ни испрати и статистики од другите години и сега, колку е морталитетот на Клиниката и генерално можам да кажам дека оваа година е многу помалку отколку минатите години.

На сите директори им даваме шест месеци барем да раководат и затоа се в. д директори.

Потоа ќе видиме, ќе одлучиме како ќе продолжиме, истакна Таравари, одговорајќи на новинарско прашање дали како министер знае дека за еден месец има три смртни случаи на Детската клиника и дали ќе преземе нешто.

Таравари присуствува на вонредниот партиски конгрес на Алијанса за Албанците во Тетово, што се одржува под мотото „Промената продолжува“. ас/мч/фото: МИА   .

Извор: МИА