Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица коментираше на актуелни теми и откри што мисли за исклучувањето на Инстаграм на Јелена Карлеуша.
Пејачката Анѓела Игњатовиќ во последно време многу го промени стилот. Бресквица признава дека во тоа голема улога имала нејзината најдобра пријателка и стилист.
На почетокот на интервјуто за медиумите, Бресквица ги сподели впечатоците од соработката со Саша Матиќ, но и се фокусираше на Карлеуша.
Цел ден врескав од среќа кога стигна поканата за дует. Сепак, тоа е голема ѕвезда. Не можам да престанам да ја слушам песната и да го гледам настапот во Арена, толку сум горда. Саша ми даваше совети и ме поддржуваше, тоа многу ми значи“, призна младата пејачка.
Поврзани објави
На прашањето дали нејзиниот дует со Саша Матиќ ќе биде поголем хит од неговите со Цеца и Јелена Карлеуша, Брексвица одговори дека е неблагодарно да го коментира тоа, но одговори што мисли за затворањето на Инстаграм на Јелена Карлеуша.
Секој треба да има слобода на говор, но тој говор никого не треба да навредува и не треба да биде говор на омраза. Ама Боже мој, што знам, девојчето е крајно глупаво“, алудираше Бресквица на претходниот коментар на Јелена за неа.
Фото: printskrin Youtube/ ALO. RS