Неверојатните детали за венчавката на најбогатиот човек на светот веќе ја шокираат јавноста
Милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез официјално го одредија датумот на венчавката и открија некои детали во јавност. Според она што стигнало до медиумите, ова ќе биде свадба на деценијата!
Шефот на „Амазон“, Џеф Безос, пред да ја запознае Лорен, важел за штедлив човек, кој секој свој милион внимателно го тргал на страна и го чувал во банка. Но потоа неговите деца пораснале и верната сопруга Мекензи Скот ја заменил со Лорен Санчез, поранешна новинарка и ловец на богаташи.
Лорен гласно се изјаснила дека венчавката мора да биде најгламурозната досега, па затоа го одложувале официјалниот датум неколку пати.
Сега се знае дека венчавката ќе се случи на почеток на јуни во Венеција. На почетокот сите очекувале дека свадбата ќе биде на мегајахтата на Безос „Кора“, но личност блиска на милијардерот тврди:
„Верувајте ми, венчавката нема да биде на брод“.
Поради тоа, сите типуваат на двата најлуксузни хотели во Венеција, но за сега, сè е обвиено со превез на мистерија.
Се знае дека невестата ќе носи венчаница со потпис на Оскар де ла Ренте, и тоа по совет на Ана Винтур.
А меѓу гостите ќе бидат: претседателот Доналд Трамп и Меланија Трамп, Бил Гејтс, Опра Винфри, модната дизајнерка Дијана фон Фирстенберг и нејзиниот сопруг милијардер Бари Дилер, потоа Крис Џенер и Ким Кардашијан, Барбара Стрејсенд, кралицата Ранија од Јордан, Клуни и други познати лица.
Поврзани објави
„Можеби церемонијата на венчавката ќе се одржи на јахтата Кора, која ќе биде укотвена на венециската лагуна“, открил анонимен извор.
Се зборува дека поканите веќе се поделени и дека се строга тајна. Сега се работи на тоа да се обезбеди градот, да се организира неверојатна венчавка, но и најважно: да се направи предбрачен договор.
„Венеција се подготвува за пристигнувањето на ВИП личности. Најдобрите луксузни хотели во градот веќе се резервирани, а извештаите велат дека на гостите ќе им биде достапна цела флота на водени таксија, кои ќе ги превезуваат преку каналот. Логистиката укажува на многу ексклузивна, детално координирана прослава“, велат добро информираните.
Моминска вечер во вселената
Сигурно е дека невестата ќе има моминска вечер во вселената. Краткиот лет од 11 минути ќе се одржи во мај, а Санчез на ова патување ќе понесе шест пријателки меѓу кои ќе бидат водителката Гејл Кинг и пејачката Кејти Пери.
По враќањето на Земјата, таа ќе го прифати презимето на Безос.
„100 отсто! Се радувам што ќе бидам госпоѓа Безос“, рекла Лорен.
За сега, ова се најважните детали кои ѝ се достапни на јавноста, а останува да видиме колку се точни.