Почетна Убавина и здравје„Сè мора да се приспособи на НЕГОВАТА СОСТОЈБА“ – Убавина и здравје

„Сè мора да се приспособи на НЕГОВАТА СОСТОЈБА“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачот на групата „A-хa“, Мортен Харкет, објави дека боледува од Паркинсонова болест.
Веста беше споделена преку социјалните мрежи и предизвика силни емоции кај обожавателите.

Групата A-хa, позната по хитовите Take On Me, The Sun Always Shines On TV” и други, преку социјалните мрежи објави дека нивниот пејач, Мортен Харкет, боледува од Паркинсонова болест.

Иако за дијагнозата знаеме веќе извесно време, тоа не ја намалува силата на ударот, ниту пак го ублажува влијанието кое оваа состојба го има – и ќе продолжи да го има – врз нас, и како луѓе и како бенд. Нашите мисли, пред сè, се со Мортен и неговото семејство во овој тежок период на приспособување на промените што болеста ги донесе во нивните животи.

Иако оваа вест носи тага, важно е, и покрај болката, да се потсетиме и на благодарноста: за сите прекрасни спомени, за тоа што светот толку дарежливо ги прифати плодовите на нашата заедничка креативна работа како бенд, и за среќата што луѓето сè уште наоѓаат смисла, надеж и радост во нашето музичко наследство.

Сите идни активности поврзани со A-хa ќе бидат, се разбира, приспособени на здравствената состојба на Мортен, но заеднички ќе се стремиме да најдеме начини да ви го понудиме најдоброто од нас.

Ви благодариме на поддршката, на убавите зборови и на разбирањето“, стои во соопштението.


Поврзани објави

Фото: Инстаграм