Почетна МакедонијаСудот му изрече осум дена притвор на сопственикот на „Доказ”

Судот му изрече осум дена притвор на сопственикот на „Доказ”

од nenad
1 минути читај за

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд го прифати барањето на јавниот обвинител и на сопственикот на интернет страницата „Доказ“ Марјан Стаменковски му определи осумдневен притвор.

Сопственикот на овој контроверзен сајт е осомничен за повеќе кривични дела како уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал и злоупотреба на личните податоци.

Обвинителството го побара притворот заради проценка дека постои опасност тој да избега од земјава, но и заради заштита од влијание врз сведоците, односно негови жртви.

Синоќа во домот на сопственикот на „Доказ” бил извршен претрес, како и пребарување на компјутерскиот систем и компјутерските податоци..

Инспирирано од: infomax.mk