Денес во Хамбург, во колизија помеѓу два автобуси, повредени се дваесет лица, вклучувајќи и деца, објави противпожарната бригада, цитирана од ДПА.
Според изјавата, четири лица се здобиле со сериозни повреди, додека шеснаесетмина имаат поблаги повреди.
Вкупно девет лица беа пренесени во болница, меѓу кои и четири деца со помали повреди и бремена жена чија состојба е критична.
Останатите повредени добија медицинска помош на самото место. Причините за инцидентот сè уште се предмет на истрага.
Медиумите од Хамбург известија дека еден од автобусите пренесувал ученици од основно училиште.
Претпоставките се дека до несреќата дошло кога еден од автобусите успорил и бил погоден од другиот автобус од задната страна.
Возилото кое удрило одзади претрпело значителни оштетувања на предниот дел и има скршено ветробранско стакло.
мс/фото: МИА архива.
Извор: МИА