Тие од властите побараа итно намалување на загадувањето со вонредни краткорочни мерки, санкционирање на сите индустриски и други загадувачи и редовни инспекции и контроли. „Нема да дозволиме да нè гушат со отрови додека институциите се со кренати раменици. Локалната и централната власт како надлежни гласно молчат со години, но ние повеќе нема да молчиме. До кога ќе мируваме, додека не убиваат заради профит“, порачаа денеска струмичани на големиот протест против загадениот воздух. Под мотото „Забрането дишење“, жителите на овој град, каде во текот на зимата се измерени едни од највисоките концентрации на ПМ честички во земјата и каде двапати се надминуваше прагот на алармирање заради високото загадување, денеска се собраа и маршираа за да го одбранат своето право на чист воздух и здрава животна средина.