60 години грижа за културното наследство кое е белег на нашиот главен град со богата историја.
Честитки и благодарност до основоположниците на институцијата, до сите ентузијасти, конзерватори и археолози кои со генерации наназад се грижат, го истражуваат и го чуваат нашето културно наследство и кои придонесоа Конзерваторскиот центар на Град Скопје да се вброи во редот на институциите кои се еден од столбовите на македонската култура.
Министерството за култура како искрен партнер во развојот и растежот на оваа носечка институција во Скопје, покажува целосна одговорност и поддршка за сите активности што Конзерваторскиот центар ги иницира и ги спроведува.