На новинарската забелешка дека не е наивно во влада на земја членка на НАТО да има човек со путинистичко убедување, Стоиљковиќ рече: „Да, но тој човек ја прифаќа владата на Република Македонија и работи согласно предлог-програмата што ја изнесе премиерот Христијан Мицкоски и ги подржува сите тие точки изнесени во програмата. Што е тука спорно?
„Не е спорно ништо. Кога тие телевизии ја водеа таа кампања и ме прашуваа за што вие ме прашувате (дали сум путинист, н.з.) јас им одговорив – зошто не прашувате за средбата на Талат Џафери со луѓето на Кадиров? Како му тргна после средбата со нив, тој стана претседател на Владата. Си велам, којзнае, можеби и мене ќе ми тргне. Тие ја спуштија камерата и не сакаа ништо да објават од тој разговор. Така што, луѓето може да шпекулираат, меѓутоа јас сум член на Владата, ја прифатив во потполност програмата на владата на премиерот Мицкоски и се однесувам согласно програмата изложена во Собранието“рече Стоиљковиќ.
На новинарската забелешка дека не е наивно во влада на земја членка на НАТО да има човек со путинистичко убедување, Стоиљковиќ одговори во истиот стил.
„Да, но тој човек ја прифаќа владата на Република Македонија и работи согласно предлог програмата што ја изнесе премиерот Христијан Мицкоски и ги подржува сите тие точки изнесени во програмата. Што е тука спорно?“рече вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ.
Предлогот на Мицкоски, Иван Стоиљковиќ да го води ресорот за односи меѓу заедниците и да биде вицепремиер, предизвика бројни реакции во јавноста поради про-Кремљ позициите на кандидатот. Премиерот Мицкоски, по неговото именување, прашан што ќе значат позициите на Стоиљковиќ за стратегиското позиционирање на државата во контекст на надворешната политика, истакна дека од него и од останатите министри очекува да имаат промакедонска позиција.
„Таа промакедонска позиција значи и стратегиско ориентирање на државата, а тоа е силен партнер во НАТО и земја која еден ден ќе биде членка во Европската Унија. За позициите на господинот Иван Стоиљковиќ не би можел со вас да се сложам, можеби ќе имате можност и со него да поразговарате и тој да даде свое мислење, но јас како мандатар и како иден претседател на владата очекувам од секој член во владата да има исклучиво протатковински, македонски позиции“,изјави Мицкоски.
Стоиљковиќ е еден од ретките политичари во регионот, покрај Милорад Додик, кој беше гостин на минатогодишниот безбедносен форум во Москва, под покровителство на рускиот Совет за безбедност, а учествува и на речиси сите чествувања и обележувања на значајни датуми организирани од Амбасадата на Руската федерација во Скопје.