Почетна Убавина и здравјеСтилот на принцезата Дина многумина го сметаат за „вулгарен“ – Убавина и здравје

Стилот на принцезата Дина многумина го сметаат за „вулгарен“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Дина Алјухани Абдулазиз успеа да изгради живот според сопствените правила и да се наметне како една од највлијателните жени во светот на модата. Таа е мајка на три деца и стана принцеза по бракот со Фахад бин Насер бин Абдулазиз, но титулата никогаш не ја спречи да го следи својот автентичен стил.

Нејзиниот препознатлив изглед вклучува кратка коса, мини-здолништа, ексцентрични комбинации и нагласена женственост – модни избори што често предизвикуваат контроверзии, но и искрен восхит.

Од хиџаб до висока мода

Љубовта кон модата ја однесе Дина и до уредничката позиција во списанието Vogue Arabia. Сепак, таму не се задржа долго, бидејќи, како што самата изјави, одбила да прави компромиси со издавачите кои не ја разбирале нејзината визија и уредничка политика.

Денес таа има и сопствена модна линија, а нејзините бутици не се само продажни места, туку и простори за инспирација и лична стилска трансформација.

„Кај нас тоа се смета за вулгарно“

Во една од своите изјави, Дина отворено зборуваше за културните разлики и општествените норми:

Жените во Саудиска Арабија уште од доцните шеесетти години се заинтересирани за модата и купуваат уникатни парчиња. Но тие не зборуваат јавно за тоа, не се фотографираат и не го покажуваат својот стил, бидејќи тоа се смета за вулгарно.“

Токму поради ваквите ставови, нејзиното симнување на хиџабот и јавните појавувања во модерни комбинации честопати се предмет на критики, но и симбол на храброст и индивидуалност.

Стил што ја издвојува на светската сцена

Со својот уникатен моден израз, Дина редовно се издвојува и на најпрестижните модни настани во Париз, Милано и Њујорк, каде што е често забележувана од светските медиуми. За многумина, таа претставува пример за современа жена која умешно ги спојува традицијата и модерноста – без страв од осуда.

Додека едни ја критикуваат, други ја сметаат за инспирација, но едно е сигурно: стилот на Дина Алјухани Абдулазиз никого не остава рамнодушен.

 

Фото: Инстаграм