Почитувани граѓани, Продолжуваме со организација на отворени денови за граѓаните на општина Гази Баба. Утре, 11.09.2024 година ( среда ) во периодот од 15:00 до 17:00 часот ќе оддржиме приемен ден за граѓаните.
Сите оние граѓани кои изминатиот период имаа поднесено барање или побарано средба на меил или телефонски се веќе информирани за утрешниот приемен ден. Ги повикувам сите граѓани кои имаат проблем или идеа и сакаат да ја споделат со мене или со претставници од општинската администрација да дојдат утре во просториите на општината.
Ветив отворена општина во која граѓанинот ќе го има последниот збор и тоа се случува на дело!
Ве очекувам утре за заедно да разговараме за нашата Гази Баба. – Бобан Стефковски, Градоначалник на Гази Баба.