86
Српската тенисерка Ј.М.(19) беше уапсена кога полицијата пронајде 8,5 килограми марихуана во автомобилот „Смарт“ што го возела. Таа била професионален тенисер и одела на многу натпревари, а собата и била полна со трофеи и медали. Била во економско вонредно училиште и добила стипендија преку тенисот. Нејзините соседи се во шок откако дознале за нејзиното уапсување, бидејќи сметаат дека таа потекнува од нормално семејство.