Почетна МакедонијаСРПСКАТА ВОЈСКА НЕМА МОЌ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: Рама вели дека тоа е како мексиканската војска да дојде на границата со САД

СРПСКАТА ВОЈСКА НЕМА МОЌ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО: Рама вели дека тоа е како мексиканската војска да дојде на границата со САД

од nenad
1 минути читај за

Албанскиот претеседател Еди Рама ја коментираше ситуацијата на северот на Косово каде изминативе денови се судрија косовските Срби и единиците на КФОР, а десетици лица беа повредени од двата табори.

Според Рама српската армија на границата со Косово има моќ еднаква на нула.

– Се фокусирав на она што беше напишано. Српската армија на границата. Ова е најневеројатниот приказ на внатрешната политика, бидејќи српската армија на границата со Косово има моќ еднаква на нула. Исто е како мексиканската војска да се појави на границата со САД. Што може да направи? Со должна почит, бидејќи го сакам Мексико, но она што може да направи е ништо, апсолутно ништо. Тоа е за внатрешна политика – рече Рама кој присуствува на ГлобСек форумот кој се одржува во Братислава, Словачка.