Почетна ТехнологијаСРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДЦАФ ВО СКОПЈЕ

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДЦАФ ВО СКОПЈЕ

од nenad
1 минути читај за




Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со Владо Ѓердовски и Кире Бабаноски од Канцеларијата во Скопје на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), како субјект со кој законодавниот дом има стратешко партнерство за проекти за развивање парламентарен и независен надзор и за реформа на безбедносно- разузнавачкиот сектор.

   

На средбата се разговараше за досега презементите проекти и за степенот за нивна реализација, со акцент на континуираното зајакнување на независноста на Собранието и на неговата надзорна улога во безбедносно-разузнавачката сфера. Соговорниците споделија задоволство за привршувањето на проектот „заштитена соба“, која се очекува наскоро да биде пуштена во употреба, по заокружување на преостанатите процедури за технички прием и акредитација кои се во тек.

Исто така, беше посочена потребата од конституирање на Советот за граѓански надзор, со цел остварување ефективен парламентарен и граѓански надзор врз безбедносно -разузнавачкиот сектор. Беше истакната дека во изминатите години е засилена финансиската и кадровската независност на Собранието, со посочување дека тој процес треба да продолжи и во наредниот период и во другите сфери од функционирањето на законодавната власт.

 

Четврток, 18 јули 2024