Почетна ТехнологијаСредба на министерот Муртезани со шведската амбасадорка Џеин

Средба на министерот Муртезани со шведската амбасадорка Џеин

од nenad
1 минути читај за




Министерот за европски работи, Орхан Муртезани, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин, на која беше разгледана тековната развојна соработка и потенцијалите за продлабочување на билатералните односи. Муртезани се заблагодари за клучната улога на Кралството Шведска во поддршката при остварувањето на реформите и целите поврзани со зачленувањето во Европската Унија.

   

Тој подвлече дека Шведска редовно ја демонстрира таа поддршка преку исклучително значајната билатерална помош, што е единствен од ваков вид директна финансиска помош од земја-членка на Унијата. Ваквата посветеност се согледува и во новата стратегија на Шведска за реформска соработка со земјите од Западниот Балкан за периодот 2021-2027,  а се фокусира на напредокот во делот на човековите права, демократското управување, одржливиот развој и инклузивниот економски раст.

Џеин и Муртезани разговараа и за имплементацијата на проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, финансиран преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), со кој се обезбедува континуитет на претходната поддршка од Шведска и Норвешка, а кој значително го подобри механизмот за координација на ЕУ, помагајќи ги реформските напори насочени кон усогласување со европските стандарди, вредности и acquis.