Почетна ЕкономијаСредба на Андоновски со стопански комори и приватниот сектор

Средба на Андоновски со стопански комори и приватниот сектор

од nenad
1 минути читај за

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес во Владата оствари средба со претставници од економските комори и приватниот сектор, во партнерство со организацијата „Македонија 2025”.

Според информациите од Министерството за дигитална трансформација, на состанокот, Андоновски пред присутните ги истакнал посветеноста на Владата кон дигитализацијата на административните услуги, со акцент на бизнисот. Ова има за цел да ги поедностави бирократските процедури и да го поттикне процесот на економски прогрес и развој на државата.

„Поддршката и развојот на приватниот сектор е клучна за развојот на Македонија.“

„Дигитализацијата е предвесник на економски бум, затоа наша главна цел е дигитализација на државните, но и на приватните институции“, нагласи Андоновски.

Од Министерството наведуваат дека претставниците од деловниот сектор имале шанса да ги разменат своите искуства од соработката со институциите, како и да презентираат свои предлози и забелешки во врска со унапредувањето на услугите што институциите ги даваат кон стопанството и граѓаните.

фф/дма/Фото: Министерство за дигитална трансформација.